Политика на приватност при аплицирање за работна позиција
Доколку аплицирате за отворена работна позиција или своеволно се пријавувате за позиција во ЕВН Македонија и друштвата каде што е единствен/мнозински содружник1 (понатаму во текстот ЕВН) сте одлучиле да ги дадете Вашите лични податоци на ЕВН за понатамошна обработка (чување, снимање, користење, бришење) согласно интерните политики на ЕВН и во согласност со Законот за заштита на личните податоци (понатаму во текстот ЗЗЛП).
ЕВН го почитува Вашето право на приватност и има сериозен пристап кон заштитата на Вашите личните податоци и поради тоа се придржува при исполнување на законските обврски за заштита на податоците.
Обработка на лични податоци
ЕВН ги обработува (собира, евидентира, организира, чува, брише итн.) само оние лични податоци кои се во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, а се добиени во рамки на деловна соработка или за исполнување на договорни обврски. Дополнително обработуваме податоци кои се јавно достапни, добиени од јавно достапни збирки и адресари.
Под лични податоци подразбираме податоци кои директно или индиректно се однесуваат на физичко лице, а со кои истото може да биде идентификувано. Доставените податоци, освен за процесот на апликација за работна позиција, можат да бидат искористени и за засновање на работен однос, доколку двете страни склучат договор.
За цели на апликација ЕВН ги обработува следниве лични податоци:
- податоци за Вас (име и презиме, дата на раѓање, државјанство)
- контакт податоци (адреса, телефонски број, е-пошта)
- податоци за Вашето образование и стекнато работно искуство (степен на образование, претходно работно искуство, познавање на јазици и останати вештини)
- податоци за Вашите интереси за позицијата (вид на позиција, област, интерес за практикантсво)
- фотографија (доколку е поставена на апликацијата)
Цели на обработка на личните податоци
Обработка на Вашите лични податоци е базирана на дадена согласност за обработка, согласно член 10 став 1 алинеја 1 од ЗЗЛП.
Со доставување на Вашите податоци на горенаведената адреса давате согласност податоците да бидат обработувани за цели на проверка дали прикажаните квалификации соодвествуваат со одредена отворена работна позиција, како и за цели на комуникација во понатамошниот процес на претставување/регрутација. Согласноста е важечка за една или повеќе наведени цели на обработка и може да биде повлечена во секое време на барање на лицето кое аплицира.
ЕВН го задржува правото на промена на политиката на приватност врз основа на настанати законски измени или врз основа на техничко усовршување на системите. Актуелната верзија на политиката на приватност на ЕВН секогаш е поставена на www.evn.mk.
Споделување на личните податоци
ЕВН може да ги сподели Вашите податоци со трети лица само доколку е потребно да се исполнат договорни или законски обврски, за осигурување на нашите легитимни интереси или во рамки на веќе дадена согласност од страна на лицето кое аплицира.
1 ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје,ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје, ЕВН Трејдинг, ЕВН Хоме ДОО Скопје
Секое споделување на личните податоци на корисниците во ЕВН и надвор од ЕВН се врши согласно ЗЗЛП односно се преземаат сите технички и организациски мерки за заштита од можен ризик на неовластен пристап до податоците.
Чување на личните податоци
Личните податоци ќе бидат чувани во нашата база на податоци за период од една година, по истекот на една година доставените документи ќе бидат автоматски избришани. Доколку не сакате да ги обработуваме Вашите податоци или е настаната промена во податоците, за која што сметате дека треба да бидеме известени, можете да се обратите на адресата на која што имате аплицирано jobs@evn.mk , jobs.elektrodistribucija@evn.mk , jobs.elektrani@evn.mk , jobshome@evn.mk , jobs.supply@evn.mk , baza@evn.mk
Право на пристап
Имате право да побарате од ЕВН:
- пристап до Вашите лични податоци или информација кои лични податоци ЕВН ги обработува односно кои категории на лични податоци
- целта заради која ги обработува,
- исправка на личните податоци
- ограничување на обработката на личните податоци, доколку личните податоци се обработуваат согласно член 10 став 1 алинеја 1
- право на бришење на личните податоци (право да се биде заборавен) доколку личните податоци не се потребни повеќе за обработка или биле незаконски обработувани.
Барањето се доставува во е-форма на адресите lichnipodatoci@evn.mk или info@evn.mk. Доколку корисникот смета дека одредени права не се исполнети односно се загрозени може да се обрати до Агенцијата за заштита на лични податоци.
Контролор на личните податоци
ЕВН Македонија
ул. „Лазар Личеноски„ бр. 11
1000 Скопје
info@evn.mk
Офицер за заштита на лични податоци
Ана Атанасовска
ул. „Лазар Личеноски„ бр. 11
1000 Скопје
lichnipodatoci@evn.mk