Специјалист за набавка на енергија и развој на продукти (М/Ж)
Работни задачи:
· Развој на продукт од почетна идеја до финално лансирање на пазарот.
· Управување со портфолио и развој на модели за прогноза.
· Месечни и годишни проекции на CBTC.
· Координација со трговци со електрична енергија за обезбедување CBTC капацитети.
· Развој и имплементација на ценовна политика/стратегија.
· Координира активности поврзани со обработка на податоци и аналитика помеѓу деловните и ИТ функциите.
· Подготовка и развој на редовни и ад-хок анализи и извештаи по барање на внатрешни и надворешни заинтересирани страни/институции.
· Следење на активностите и трендовите на конкуренцијата на пазарите со електрична енергија.
· Други работи поврзани со делокругот на работењето по налог на Управителите, согласно описот на функциите на Групата содржан во Правилникот за внатрешна организација на Друштвото.
Потребни компетенции:
· VII степен факултет (ЕТФ, ФИНКИ, ПМФ).
· Напредни дигитални и аналитички вештини.
· Одлично владеење на англиски јазик (задолжително).
· Тимска работа флексибилност и подготвеност за континуиран професионален развој.
· Способност за работа под притисок и брзо решавање на проблеми.
· Поседување на возачка дозвола од Б категорија.
- Дивизија
- ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
- Компанија
- ES
- Улога
- Специјалист - наб.на енер. и раз.на прод
- Локации
- ЕВН Дирекција